Фирма со руски капитал регистрирана во Европската Унија сакала да добие тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, па во втората фаза од процедурата ја спуштила цената дури за 50%, информираше денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Дека станува збор за сомнителна фирма алармирале македонските разузнавачки служби, уште пред да биде направена проверка за нејзе.
Во првата фаза од процедурата фирмата понудила речиси иста цена како и други две кои учествувале на тендерот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.