еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) ТАВ Македонија донираше училишен прибор за повеќе од 100 деца од семејства кои живеат во социјален ризик

Пред почетокот на новата учебна година, ТАВ Македонија им донираше ранци полни со училишен прибор на повеќе од 100 деца од семејства кои живеат во социјален ризик во општините Илинден и Петровец, посакувајќи им среќен почеток на учебната 2024/2025 година, информираат од таму.

Во соработка со здружението за хуманитарно-социјален развој „Проект среќа“ и нивниот проект насловен „Среќна учебна година“ и во соработка со двете заедници од општините Илинден и Петровец, над 100 ученици од три основни училишта, ООУ Ристо Крле и ООУ Гоце Делчев – двете од Илинден и ООУ Кочо Рацин од Петровец, добија училишни комплети.

„Воодушевен сум што како ТАВ Аеродроми постојано наоѓаме начини за поддршка на локалните заедници кои се во најблиската близина на нашите аеродроми. Овој пат, нашиот проект за општествена одговорност ги поддржува најмладите, над 100 деца од 3 основни училишта, кои потекнуваат од семејства кои живеат во социјален ризик во општините во соседството на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Благодарение на нашата долгогодишна соработка со невладината организација „Проект среќа“, а овој пат и со општините Илинден и Петровец, со оваа донација сакаме да поттикнеме насмевки на децата, да придонесеме за нивната среќа и подготвеност за стекнување нови знаења. ТАВ Аеродроми како компанија ќе ја продолжи својата мисија – да поддржува и позитивно да влијае на заедниците и на општеството,“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Вработени-волонтери од Меѓународниот Аеродром Скопје ги спакуваа училишните комплети, додека генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, оваа донација им ја предаде на трите училишта од Илинден и од Петровец.

Со донацијата што вчера (23 август) им беше врачена на основните училишта во Илинден и во Петровец, преку проектот на “Проект среќа” насловен „Среќна учебна година“, 112 деца од семејства во социјален ризик, се подготвени за свеж и успешен почеток на новата учебна година.

ТАВ Македонија се стреми да генерира трајни вредности кои ги надминуваат нејзините корпоративни граници преку искористување на своите ресурси во иницијативи за општествена одговорност, посочуваат од таму.

????????????????????????????????????
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познати кандидатите за заменици министри на Алијанса за Албанците

Редакција

Од вторник снег

Редакција

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Редакција