еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фрчкоски го оштетил буџетот шестцифрено во евра, тврди Муцунски

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија има сериозни индиции за злоупотреба на јавни средства од страна на поранешниот амбасадор на Македонија во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски, информираше денеска министерот Тимчо Муцунски на прес-конференција.

„Треба да биде јасно дека од тоа што го видов сум многу загрижен. Такво нешто не смее да се повтори. Штетата е во шест цифри, во евра. Во моментот не можам да дадам повеќе информации, бидејќи процедурата тече.

Се работи на ревизија и до крајот на годината Министерството ќе ги достави своите извештаи до Обвинителството,“ изјави Муцунски и најави дека ќе се почека до крајот на истрагата.

Тој рече дека Фрчковски има право на тужба и на вештачење, а Министерството го задржува правото да бара надомест на средствата од евентуално направената штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фрчкоски поднесе оставка од функцијата амбасадор во ОН

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесе оставка и „падна“ болна: Катица Јанева на боледување од 16 јули

Редакција

(Фото) Традиционална честитка од Влатко Ѓорчев за Нова година со фотографија од семејството

Редакција

Заменик министерката Тренчевска го демантира министерот Велковски

Редакција