еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе ги продадат ли акционерите на Стопанска банка Битола акциите на Комерцијална, имаат уште три дена да одлучат

Акционерите на Стопанска банка Битола имаат уште три дена да одлучат дали ќе ги продадат акциите на Комерцијална банка АД Скопје, која сака да ги преземе сите акции на Банката со право на глас.

Рокот истекува на 22. септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола

Стопанска банка Битола има рок до 22. септември да ја прифати, Комерцијална ја објави понудата за преземање

Кои се акционери во Стопанска банка Битола?

Официјално досега на јавноста и беше познат само еден акционер кој има над 5% од акциите во Стопанска банка Битола, бидејќи друштвата имаат законска обврска да споделуваат информации само за акционерите над 5%.

Тоа е Пелистерка АД Скопје, која поседува 16,9% од акциите.

Сега со понудата за преземање на Комерцијална е познато и кој друг има акции во Стопанска банка Битола и под 5%:

Меѓу акционерите е Орка холдинг АД Скопје, како и Скопски Пазар АД Скопје и Бест веј инвестмент ДООЕЛ Скопје.

За Пелистерка понудата на Комерцијална е несоодветна, за Управниот одбор на Стопанска банка Битола е добра

Деновиве за понудата на Комерцијална од 3.200 денари по акција заедно се огласија од Пелистерка и поврзаното правно лице Тимох ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери, од каде рекоа дека за нив понудата е несоодветна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Пелистерка понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка Битола е несоодветна

За разлика од нив, Управниот одбор (УО) на Стопанска банка Битола во два наврати посочи дека за нив понудата е добра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И од УО на Стопанска банка Битола се огласија за реакцијата на Пелистерка за понудата за преземање од страна на Комерцијална

УО на Стопанска банка Битола со позитивен став за преземањето од страна на Комерцијална, вработените пак барaат јасно дефинирање што ќе се случи со нивните работни места

Од Комерцијална пак по ставот на Пелистерка и Тимох посочија дека понудата нема да се менува, односно дека таа е прва, последна и единствена понуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална не ја коментира реакцијата на Пелистерка, Банката нема да ја менува понудата за откуп на сите акции на Стопанска банка Битола

Како работела Стопанска банка Битола, која е пред спојување со Комерцијална, во изминативе две години

Има акции во Стопанска банка Битола: Каков имот пријавил Николче Јанкуловски, заменик министерот за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Можат ли камерите на граничните премини да откријат од каде пребегнал Груевски?

Редакција

„Никаде на Балканот не сум видел ваква егзотика“, вели светскиот туристички блогер Дацешин за Островот на змиите

Редакција

Што пишува во Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на струја, донесена од Владата

Редакција