Годинава Македонијатурист АД Скопје, во чија сопственост е и хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје, планира реновирање на хотелската зграда, комплетно реновирање на хотелскиот паркинг, како и реновирање на конференциската сала “Бисер”, стои во Годишниот извештај за работењето на Друштвото објавен преку Македонската берза.
Во хотелот “Белви“ се планира довршување на започнатата инвестициска активност за изградба на магацински простор кај кугланата и пуштањето на фотоволтаичната централа по добивањето на потребната документација од надлежните органи.
Во хотел “Бристол“, како што информираат од таму, во тек е изработка на проекти за негово комплетно реновирање и доколку се усвојат предлозите за измена на ДУП-от на Општина Центар, ќе се преземат соодветни активности за реконструкција или повторна доградба на хотелот.
За становите на ул. “Максим Горки“ бр.1 во Скопје во првата половина од годинава се очекува да бидат комплетно реновирани становите по што Друштвото ќе располага со атрактивен деловен простор во центарот на градот, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На членовите на НО на Македонијатурист лани исплатени 2.2 милиони денари
Македонијатурист ќе дели дивиденда, кои се најголемите акционери
Македонијатурист со драстичен раст на добивката
Фото: Фејсбук/Холидеј Ин