еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

1 лице од новопочинатите од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп, информираа вчера од Министерство за здравство.

На оваа клиника ова е втор пациент кој починува од корона вирусот, откако таму има заболен медицински персонал.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби пак почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација.

Со овие податоци од вчера, вкупната бројка на починати од вирусот во Македонија изнесува 73.

Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ)

„Кај починатите лица биле присутни симптоми и истите биле хоспитализирани.

Кај еден од нив се регистрирани коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Двата случаи се без историја на патување, а еден од нив имал контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст: 235 здравствени работници заболени од коронавирусот, оздравени 88

Кардиоваскуларна болест и дијабет, најчести претходни заболувања кај пациентите со коронавирусот во Македонија

8 од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто Заев спомнува киднапирање на Груевски

Редакција

(Видео) Фетаи: Исказот на Верушевски дека бомбите биле модифицирани, нема да влијае на постапките

Редакција

„Аутомобиле СК“ го доби тендерот на прилепски „Водовод и канализација“ за набавка на товарни возила

Редакција