еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

16 повредени во пожарот во Кочани ќе бидат пуштени на домашно лекување, четворица се во критична состојба

Шеснаесет повредени во пожарот во Кочани ќе бидат пуштени на домашно лекување, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Неделава се очекува враќање на осум пациенти од странство кои ќе бидат примени на клиниките во Скопје, со минимален престој за проверки.

Четворица повредени кои се во странските болници, се во критична состојба.

Министерот најави и дека тим од пластични хирурзи ќе биде испратен во Кочани со цел да се олесни процесот на рехабилитација на пациентите повредени во пожарот.

-Голем дел од повредените се токму од Кочани, поради што се разгледува опцијата за испраќање на специјализираниот тим хирурзи во регионот, што би овозможило пациентите да не мораат постојано да патуваат на третмани во други градови.

Во Штипската болница веќе има четворица пластични хирурзи, а во зависност од индивидуалната состојба, на некои пациенти ќе им биде потребна рехабилитација од две недели, додека кај други таа може да трае со месеци, посочи тој.

На скопските клиники има вкупно 46 повредени, во градските болници 8 Септември и Св. Наум Охридски има по 10 повредени, а во приватните 8 повредени.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завар – македонски симбол на успех, иновации и глобално признание

Редакција

Починаа уште осум нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка на починати е 359

Редакција

Трагедија во Гостивар, една жена е убиена, а две лица се повредени

Редакција