Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека бројот на жртвите од сообраќајната трагедија во Бугарија од оваа општина официјално е 16, но дека, според него, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини.
– Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам дека Општина Чаир е отворена во секое време и за секаква помош, рече Ганиу за ТВ21.
Тој потенцира дека за денеска во 10:00 часот општината закажала седница во врска со трагичната несреќа во Бугарија, на која ќе се дискутира за правните начини за да се помогнат на настраданите семејства.
– Со документи ги идентификувавме, значи дека се со адреса во пасошот во Чаир се 16. Но, бројката е поголема затоа што имаме сограѓани кои живеат во Чаир, но адресите ги имаат во Општина Гази Баба, Студеничани и други општини, рече Ганиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Осум се деца: 12 лица од исто семејство загинаа во несреќата во Бугарија
Меѓу нив и мајка со четири деца: 20 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Општина Студеничани
МИА/Фото: МИА