еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

23 лица од Сингелиќ кои протестираа за време на полициски час ќе треба да платат над 80.000 евра

Преку 80.000 евра е вкупната предложена казна за 23 лица од Сингелиќ, кои на 13 април не го почитуваа полицискиот час, односно постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државава.

Тројца, од настанот во општина Гази Баба, веќе се обвинети и судот им изрече казна од по 5.000 евра.

Како што соопшти Јавнто обвинителство (ЈО), обвинетите се идентификувани како лица кои на 13 април околу 22 часот, за време на полицискиот час, биле затекнати групирани надвор од нивните домови во скопската населба Сингелиќ.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 35 евра во денарска противвредност.

„Во врска со настанот во Сингелиќ на 13 април, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе Предлог за издавање казнен налог против три лица.

Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по овој предлoг, веќе изрече првостепена пресуда со која тројцата обвинети ги прогласи за виновни и им ја изрече паричната казна од по 5.000 евра во денарска противвредност“, се наведува во соопштението  на ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Само во Македонија: Протест во скопски Ченто сред полициски час

Обвинителите бараат по пет илјади евра казна за трите лица од Сингелиќ кои го прекршија полицискиот час

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерко не се чуствува виновен за незаконското поставување на директори во училишта

Редакција

(Фото) МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

Редакција

Нови 1.254 случаи на Ковид-19 од 5.082 тестирања, 169 се реинфекции

Редакција