еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

25 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 6 неодамна патувале

Вчера во Македонија се регистрирани нови 46 лица позитивни на коронавирусот.

Лицата се од 8 градови, а најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово и Скопје, а прв случај е регистриран во Пробиштип.

„Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 и над 60 години (10), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 24 женски и 22 машки лица.

Хоспитализирани се 5 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.

Кај 10 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 25 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирани се 6 лица кои имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 341 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 46 или 13,5% од тестираните“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

206 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Кумулативната инциденца во Куманово над 100, како изгледа мапата по градови

Голем раст: 82 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот

Детален преглед по градови: 30 починати и 633 заболени од коронавирусот во Македонија

Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани

Редакција

Најниски просечни нето-плати во декември лани

Редакција

Нови 1.210 случаи на Ковид-19, во Скопје 464

Редакција