еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

40-годишниот маж на малолетниците им дал алкохол и лекови за одвикнување од зависност

Основното јавно обвинителство (ОЈО) соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 40-годишникот во чиј дом беа пронајдени четирите малолетници во бесознание.

Тој се сомничи за тешки дела против здравјето на луѓето и за излагање на опасност на деца. Надлежниот јавен обвинител, како што информираат од ОЈО, доставил предлог за определување мерка притвор.

„На 11. јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четирите деца на возраст од 15 до 17 години, а тој ставил во промет лекови што се штетни за здравјето.

Заедно со децата почнал да конзумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг”, кои ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил на малолетниците да ги испијат за подобро расположение.

Им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохолот, иако бил свесен за штетната последица што може да настапи и со тоа тешко им го нарушил здравјето,“ се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Осомничениот станал и во дневната соба ги затекнал децата како лежат во сериозно влошена здравствена состојба која претходно ја предизвикал, но и покрај тоа ги оставил без помош.

Надлежниот јавен обвинител оценил дека се исполнети законските основи и до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведено 40-годишно лице во чија што куќа во Скопје беа пронајдени малолетниците во бесознание

Малолетниците пронајдени во куќа во Скопје користеле психотропни супстанци, на Токсикологија се во стабилна состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје во категоријата „компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“

Редакција

Да помогнеме на хуманото семејство Белчовски, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица

Редакција

Убава вест: Оздравени 784 болни од Ковид-19

Редакција