еМагазин
Image default
Македонија

40-годишниот Ресенчанец кој почина од корона вирусот бил спортист

Веста дека претседателот на РК Преспа, 40-годишниот Илија Котевски ја изгуби битката со корона вирусот го потресе Ресен.

Фокус пишува дека младиот човек бил спортист и бил вработен како келнер во локален објект.

Тој е и сопруг и татко на две малолетни деца и беше помеѓу првите регистрирани случаи на Ковид-19 во општината, пред околу две недели.

Негови сограѓани, колеги, спортисти и пријатели се простуваат на социјалните мрежи, во неверување, бидејќи се надевале како младиот човек кој го посветил животот на спортот, сепак ќе се изборел со болеста, пишува Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот продолжува да се шири во Ресен

Фото: Општина Ресен/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) И Филип Петровски се кандидира за претседател на државата

Редакција

11 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 159 смртни случаи од Ковид-19

Редакција