еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

73,3% од починатите од Ковид-19 имаат претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 29 август, од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=4.823), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.258,3/100.000 жители.

“Регистрирани се 3.595 смртни случаи кај лица од машки и 2.306 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 4.325 (73,3% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.463), дијабет (n=1.460) и белодробна болест (n=651)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Регистрирани се 6 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 347 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Вкупно 431 граѓани во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19

За една недела дури 80 лица во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Повеќе од 250 волонтери го исчистија Скопскиот аквадукт: Започна најголемата еко-акција „Генералка викенд“

Редакција

РКЕ: Денеска нема предуслови за да се корегираат цените на горивата, цените остануваат исти

Редакција

Што пишува во биографијата на Венко Филипче, новиот потпреседател на СДСМ

Редакција