Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија се регистрирани 33 нови случаи на заболени од коронавирусот.
“Тестирани се вкупно 332 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 33.
Потврдените случаи се од 8 градови.
Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи од кои најголем дел (n=9) кај лицата над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 19 женски и 14 машки лица.
Хоспитализирани се 8 лица, а останатите се на домашно лекување.
Кај 17 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Вкупно 20 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заболени од коронавирусот во Македонија уште 40 здравствени работници, излекувани 197
Во среде дебата за избори, раст на бројот на заболени со коронавирусот
Фото: Град Скопје/Табела: ИЈЗ