Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно до 9 август покажуваат дека 80,5% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања.
“Регистрирани се 528 смртни случаи (Лт = 4,4%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=386) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 100,7/100.000 жители.
Регистрирани се 335 смртни случаи кај лица од машки и 193 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 425 (80,5%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=322), дијабет (n=149) и белодробна болест (n=76).
Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и четири смртни случаи кај здравствени работници“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
32 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница
Фото: МЗ