еМагазин
Бизнис

Факом со намалена добивка

Во периодот од 01.01 до 30.09.2019 година, Факом АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.355.656 денари наспроти добивката за истиот период од 2018 година која изнесуваше 34.193.621 денари, информира компанијата преку Македонската берза.

„Намалувањето се должи на намалениот обем на работа каде што оперативните приходи се намалени за 33% во однос на истиот период. Финансиските приходи се зголемени за 124%, како резултат на зголемените приходи од камати од купувачите.

Вкупните приходи за периодот од 01.01 до 30.09.2019 година изнесуваат 761.953.800 денари и се намалени за 33% во однос на истиот период, 2018 година.

Оперативните расходи за периодот од 01.01 до 30.09.2019 се намалени за 32%, додека пак финансиските расходи се зголемени за 131%, како резултат на зголемените расходи врз основа на камати од работењето по основ на краткорочниот денарски кредит и камати од револвинг девизен кредит“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мартин Велковски избран за нов генерален директор и претседател на УО на „Факом“

Оставка си поднесе заменик директорот на „Факом“, Бојан Јордановски назначен за ВД генерален директор

Разидување со Минчо Јорданов: Генералниот директор Златко Симоновски заминува од „Факом“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Водовод Куманово склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 609 илјади евра

Редакција

Во блок трансакција 1.667 акции од Стопанска банка Скопје за 1,9 милиони денари

Редакција

АСОМ: Владата не го исполни ветеното, бараме итно воведување онлајн игри на среќа

Редакција