еМагазин
Image default
Локално

Граѓаните утре ќе протестираат за да го спасат теренчето во училиштето „Блаже Конески“

На 9 ноември, сабота, во 12 часот, ќе се одржи мирен протест на родителите и учениците од ООУ „Блаже Конески“, општина Аеродром, Скопје, со цел да им порачаме на одговорните лица дека нема да дозволиме изградба на градинка во дворот на училиштето, се вели на фејсбук-страницата „ Да го спасиме теренчето во ООУ Блаже Конески, Општина Аеродром“.

Според најавите, општина Аеродром планира да гради градинка на местото на сегашното игралиште кое е дел од училиштето, место што се користи и за настава по физичка култура на отворено во топлите денови, но и воопшто за игра на учениците и за време на одморите, но и надвор од училишните активности.

„Механизација веќе е присутна во училиштето, а притоа теренот никако не е oбезбеден, па градежните машини буквално минуваат меѓу растрчани деца. Бараме сите активности за изградба да престанат – ВЕДНАШ. Бараме да се стопира секаков план за изградба на друг објект во рамките на училиштето затоа што не сакаме децата да ни учат и растат на градилиште и да дишат прашината, не дозволуваме да им го земете просторот за игра!

Бараме градоначалникот Златко Марин и сите вклучени во проектот да донесат одлука базирана врз аргументи и во интерес на жителите на општината, пред сè, на децата.

На општина Аеродром, која е пренаселена во изминатите години, откако се изградија нови згради на секој слободен простор, секако ѝ се потребни нови градинки, но не на штета на други деца. Според претходните планови, градинка требаше да се гради на просторот на старото игралиште „Југ“, кое во моментов е руина и див паркинг. Зошто овој план е стопиран?

Зошто не се прошират и надградат постоечките објекти на градинки во близина на игралиштето што сакаат да го уништат – Калинка, Изворче, Бубамара…?

Зошто не се обидете да најдете пристојна локација и урбанистички оправдано решение?

Училишниот двор на ООУ „Блаже Конески“ веќе е делумно уништен со тоа што под концесија е даден дел од дворот, простор на кој денес се наоѓаат кафана, кафуле и игротека. На ниедно од овие не им е место во училишен двор – еве каде може да ја градите градинката“, се вели во апелот на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Почина осумгодишно дете во Неготино

Редакција

Машко лице починало на токсикологија

Редакција

Физички нападнал 19-годишна девојка на „Партизанска“

Редакција