еМагазин
Image default
Македонија

Од Владата го потврдија инцидентот со владиниот авион „Лирџет“

Од Владата го потврдија инцидентот со владиниот авион „Лирџет“ што се случи денеска во 12:35 часот при слетување на Скопскиот аеродром, откако капетанот пријавил индикација која укажувала оти не постои потврда дека предното тркало е спуштено.

Како што информираат, слетувањето на авионот било целосно во ред и е утврдено дека се работи за дефект на микропрекинувач кој затаил да даде правилна информација за позицијата на предното тркало.

– По направените процедури во воздух од страна на пилотите направен е низок прелет над пистата на Скопскиот аеродром со цел, контролата на летање да потврди дека се е во ред со тркалата при процесот на слетување.

По добиениот позитивен и потврден одговор од страна на контролата на летање дека се е во ред со тркалата, пилотите слетаа на Скопскиот аеродром, а како превентива согласно со стандардите беше повикана противпожарната единица од аеродромот. Слетувањето беше целосно во ред, информираа за МИА од владината прес-служба.

Следува, најавуват од Владата, замена на микропрекинувачот, после што авионот ќе биде тестиран и ќе продолжи да лета веднаш штом биде потврдено дека е комплетно функционален и безбеден за понатамошно летање.

Претходно и од М-НАВ го потврдија инцидетот со авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, кој бил само со летечкиот екипаж, без патници, а летал од Солун за Скопје.

-Капетанот пријавил дека нема индикација оти предното тркало на авионот не е заклучено, поради што пријавил ситуација на итност и побарал од контролорите од Контролната кула на Скопскиот аеродром да изврши низок прелет со цел визуелна проверка за извлечени тркала.

По прелетот контролорите го информирале пилотот дека тркалата се извлечени по што пилотот донел одлука да слета и по кратко време слетал безбедно, изјави за МИА Николче Тасевски, еден од директорите во М-НАВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владиниот авион принудно слетал на Скопскиот аеродорм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишуваат светските агенции: Договорот од Преспа е се уште актуелен и покрај неуспехот од референдумот

Редакција

Високиот претставник на ЕУ, Борел в понеделник во Скопје

Редакција

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Редакција