еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Од буџет „тежок“ 3,8 милијарди евра само 19 милиони евра за заштита на животната средина

Во периодот кога загадувањето на воздухот и другите еколошки теми стануваат проблем број еден во државата, Владата одвои минимални средства од буџетот за 2020 година за заштита на животната средина.

Имено, расходната страна на предлог-буџетот за 2020 година е планирана на 239,7 милијарди денари или околу 3,8 милијарди евра, а само 0,5 отсто од овие пари или околу 19 милиони евра се наменети за заштита на животната средина,

 

Во предлог-буџетот се вели дека владината програма за заштита на животната средина опфаќа реализација на проекти од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина, одржливиот развој, унапредување на квалитетот на почвата, водата и воздухот, заштита на биолошката разновидност, валоризација и ревалоризација на природните вредности, заштита на озонската обвивка и слично.

„Со истата се опфатени мерки и активности за обезбедување на поддршка и создавање на услови за заштита од загадување и деградација, како и заштита од штетното влијание врз медиумите и одделните области на животната средина“, пишува во предлог-буџетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хамас го нападна Израел

Редакција

Од Централен регистар се огласија за регистрацијата на бугарското здружение Цар Борис III во Охрид

Редакција

„Не избегал, го пуштиле да носи гласови пред избори“: Твитер во “црвено“ за бегството на Агим Красниќи

Редакција