еМагазин
Image default
Македонија

Одложено судењето за ТНТ, нарушена здравствената состојба на обвинета во случајот

Судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски, „ТНТ“ се одложи за 28 ноември, поради нарушена здравствена состојба на една од обвинетите во случајот.

Бранителката на обвинетата Александра Аврамовска-Димитриевска, рече дека утринава, видно растревожен, и се јавил нејзиниот сопруг, кој ја информирал дека Александра со нарушена здравствена состојба и обилно крварење била пренесеа во болница.

Судијата Огнен Ставрев, информира дека ќе ја почека медицинската документација и потоа ќе извести како ќе продолжи постапката.

На денешното рочиште требаше да бидат сослушани сведоците Павле Гацов, Милорад Јовановски и Владимир Гаговски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Член на општинскиот кризен штаб на Куманово негативен на повторените тестирања за корона вирусот

Редакција

Кој е докторот Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Дебар

Редакција

Нови детали: Во несреќата кај Лесковац на лице место починале маж и две жени

Редакција