еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Уставен суд после три години му „текнало“ да расправа за укинатото помилување

Иницијативата до Уставниот суд за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година адвокатот Зоран Стојановски ја поднел пред три години. Станува збор за член со кој беше овозможено тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов да го повлече веќе даденото помилување.

Стојановски за ТВ24 вели дека немал политички мотиви, а единствена цел за иницијативата била заштита на уставноста.

„Целта како и на секоја друга иницијатива пред Уставен суд е зачувување на уставноста и законитоста, нема друга цел. Политичките анализи се предмет на работа на политички партии, ова е само уставно-судска работа. Нема допирна точка со политика од аспект на тоа како што сака да се прикаже“, вели Стојановски.

Иницијативата ја поднел пред три години, но зошто сега се става на ред не сака да коментира.

„Моето мислење во врска со иницијатвата за Законот за помилување и за Законот за одликувања и признанија е дека задолжително треба да биде усвоена и да бидат поништени и едниот и другиот закон. Тоа е моето очекување“, вели Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помилувањето ги засени хонорарите: „СЈО е мртво, да живее Уставен!“

Во Собранието се најавува расправа за автентично толкување на Законот за помилување

Уставен поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

„Сите ќе ги амнестираат само Катица ќе лежи“: Твитер реакции за можното враќање на амнестиите на Иванов

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре почнува транспортот на повредените во несреќата во Бугарија, преносот на посмртните останки на починатите наредната недела

Редакција

Кој е Виктор Димовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

Централниот регистар ги осуди заканите на нивен вработен кон новинарката Мери Јордановска

Редакција