Нова серија од 11 земјотреси имаше вчера и утрово во Албанија, а еден од нив со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала освен Албанците ги вознемири и граѓаните во соседните земји.
Засега нема информации за нови оштетувања. Инаку вчера почина уште еден од повредените во неодамнешниот земјотрес со што црниот биланс се искачи на 51 жртва.
Премиерот Еди Рама вчера соопшти дека потрагата по преживеани е завршена, бидејќи се верува дека веќе нема луѓе под урнатините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Еди Рама не можеше да ги задржи солзите: Земјотресот во Албанија зеде 50. жртви
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.