еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Јанева и Милески со полициска придружба донесени во Кривичен суд за „Рекет“

Со полициска придружба утрово во Кривичниот суд Скопје од домашен пртивор донесени се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, кои  заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 се обвинети за случајот „Рекет“.

Се очекува да биде донесен и Јовановски од КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милески.

Во рамки на случајот „Рекет“, Обвинителството отвори нова истрага која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираше дека истрагата за „Рекет“ е проширена, односно донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.


МИА/фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Со доцнење поради Боки 13, почна судењето за „Рекет“

Ќе дознаеме ли конечно каде се парите: Стартува судењето за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Редакција

Кои се најчестите симптоми на заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Партиите со пари на граѓаните ќе се рекламираат во 249 портали, 37 телевизии, 35 радија и 11 весници

Редакција