При вкрстено испрашување од страна на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 на сведокот, бизнисменот Орце Камчев, на денешното рочиште за случајот „Рекет“ беше споменета и фамозната торба со пари, „Луј Витон“, која јавноста ја виде на снимка која ја објави италијанскиот весник “Ла верита“, а на која се гледа како Камчев им ја предава на Боки 13 и третообвинетиот Зоран Милески – Кичеец.
Јовановски го праша Камчев што имало во торбата, на што Камчев одговори дека имало 1 милион евра и весници, а Јовановски повторно праша дали имало и нешто друго, на што Камчев одговори дека немало.
Потоа Боки 13 го праша Камчев дали му била вратена торбата, на што бизнисменот одговори негативно.
Јовановски на тоа одговори дека во февруари Милески му ја вратил торбата и дека тоа можело да се докаже од камерите на куќата на Камчев, но остана нејасно дали торбата била вратена полна или празна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чифлиганец: Сум немал никакава средба за „Рекет“, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан
На средба со Боки 13 во неговиот дом бил и министерот Венко Филипче, откри Камчев
Фото: МИА