еМагазин
Image default
Македонија

Чифлиганец: Сум немал никакава средба за „Рекет“, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан

Бизнисменот Орце Камчев, кој денеска во Кривичниот суд се појави во својство на сведок во случајот „Рекет“ меѓудругото рече дека и обвинителката Лиле Стефанова преку нејзиниот пријател, бизнисменот Ванчо Чифлиганец барала средства за ќерката на Лиле за ординација во зградата на „Адора“.

Со реакција се јави Чифлиганец:

„Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста, дека во животот и конкретно во случајот, ниту ми е барано, ниту сум нудел од мое име, или во друго име, било каква недвижност, или било каква материјална корист.

Одговорно тврдам дека во врска со конкретниот случај, немало никаква средба, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан.

Секогаш сум бил подготвен да им помагам на луѓето во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно спомнување на моето име“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 вели дека Кичеец му ја вратил на Камчев фамозната торба „Луј Витон“

На средба со Боки 13 во неговиот дом бил и министерот Венко Филипче, откри Камчев

Камчев се „отвори“ како сведок на судењето за „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова

Фото: Адора инженеринг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 22 лица од Ковид-19, најмладиот на 45-годишна возраст

Редакција

(АУДИО) „Пукнаа„ пет „бомби“ за Антонио Милошоски

Редакција

Заев и потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски повторно се „судрија“ во суд

Редакција