Во интервју за Нова ТВ премиерот Зоран Заев вели дека името на неговиот брат Вице Заев се злоупотребува и дека тој немал контакти со бизнисменот Орце Камчев за аферата „Рекет“ или со Сашо Мијалков, поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
“Вице Заев е мојот единствен брат. Најдоро ќе биде да го прашате, но јас мислам дека мојот брат немал контаки со Камчев и со Мијалков. Можеби имал нешто по телефон, а за случаеви или нешто слично апсолуно не“, вели Заев.
Вице и Мијалков се споменуваат во последните аудио снимки кои беа објавени на Јутјуб, а во кој се слуша гласот на сведокот во случајот “Рекет“, Камчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камчев за Фокус: Гласот од снимките е мој, средбата е оддржана во Бугарија во август
Колку сериозно ќе влијаат новите аудио снимки на епилогот за “Рекет“?
(Аудио) Нова „тура“ снимки за „Рекет“: „Куферот со пари не е кај Заев“