Македонскиот документарен филм „Медена земја“ се најде во друштво на великаните влегувајќи во потесниот избор за номинација за престижниот Оскар во две категории: најдобар документарец и најдобар странски филм.
Влегувањето на филмот, кој е во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов во ова друштво веќе претставува огромен успех за македонската кинематографија и уште поголем за авторите.
„еМагазин“ и посакува на екипата на „Медена земја“ да го продолжи патот кон Оскарот и да освои барем една од статуетките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Медена тура: Воодушевени од Атиџе, велосипедисти возеа до нејзиното село Бекирлија
„Медена земја“ освои две престижни признанија на светските награди за документарци
Фото: Промо
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.