еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Македонка гради успешна кариера на Малта со посредување за работа

Во Малта сум точно една година. Никогаш не се гледав себе како лице кое може еден ден да го спакува својот живот во неколку куфери, да замине од својата држава и некаде да започне сосема нов живот, при што одново треба да се издигнува и гради себе си. Едноставно се случи. Го искористив зимскиот распуст на мојата 10 годишна ќерка за посета на Малта, каде мојата мајка започна да живее и работи како шеф во единствениот Македонски ресторан „Gourmet bar and grill“. Оттука започна се….

Вака ја започнува нејзината нова животна приказна нашата сограѓанка Наташа Николовска, која денеска гради сосем нова кариера на Малта. Големиот интерес на македонските граѓани за работа на овој остров беше причина повеќе да поразговараме со неа, а со оглед на тоа што таа на Малта се занимава со посредување при вработување на жители од Балканот и други европски земји.

Со какви професии сте се занимавале и што работите денес?

Имам 35 години и исто толку години моето семејство се занимава со угостителство. Всушност, ние сме меѓу првите угостители во Скопје. Откако знам за себе бев дел од нашиот семеен бизнис. Работев во нашите ресторани и учев од најдобрите. Станува збор за ресторанот „Чврга”, еден од првите во Скопје и ресторанот „Роза“.

Паралелно на тоа работев како графички дизајнер и се надградував. На 23 години веќе имав свое графичко студио. Потоа, се здобив со сосема поинакво искуство откако почнав да работам како одговорно лице на повеќе од 150 вработени лица во фирма за одржување хигиена, во објекти низ цела Македонија. Тоа беше многу динамична работа, постојано патував, имав објекти каде се мораше да е во најдобар ред. Филијалите на СТБ, МВР, министерства, ФЗОМ, приватни здравствени болници, салони за коли, казина итн…

Денес работам во Малтешка агенција за вработување, како одговорно лице за оние што доаѓаат од Балканот и одредени земји од Европа.

Се почесто може да се чуе дека Македонци одат да работат на Малта? Што ги привлекува нашите сограѓани?

Малта е мала и топла медитеранска држава, од која не одвојуваат само 1.000 км по воздушна линија. Долга е 27 км, широка 14.5 км, а крајбрежната линија изнесува 137 км. Во неа има 493.559 жители. Излегува на Средоземното Море, во близина е Северна Африка односно островот се наоѓа меѓу Сицилија, Тунис и Либија.

Како поранешна англиска колонија, втор официјален јазик им е англискиот. Од 13-ти декември 1974 година прогласена е за Република. Од 1-ви мај 2004 година членува во Европска Унија. Малта е држава во пораст, која секојдневно има потреба од нови лица за работа и нуди брзи услови за вработување и документи за престој.

Какви профили работници се бараат на Малта и колку се платени?

Имаат голема побарувачка за работна сила, бидејќи константно се градат и отвараат нови објекти, најчесто хотели и ресторани. Оттука најлесно се отвараат работни места во градежни фирми и хотелиерството. Почетната просечна саатница е помегу 4.50 и 5 евра со платени трошоци и такси кон државата.

Може ли да се живее пристоен живот и да се заштеди со работење на Малта?

Многумина дојдоа во ситуација да мораат да работат повеќе часови за да живеат пристојно и да одвојат заштеда. Би било многу подобро за сите, кога би ги намалиле цените на становите за издавање.

Какви се процедурите околу престојот? Може ли да се работи со македонски пасош?

Дозволени се 90 дена престој со македонски пасош. Во тој период секој кој сака да остане на Малта, мора да се вработи и преку работодавачот да аплицира за ИД/лична карта, во спротивно ќе мора да ја напушти државата.

Како им помагате на нашите сограѓани кои сакаат да работат на Малта?

Со оглед на мојата работна позиција, она кое можам да го понудам од своја страна како помош е вработување и посредување на документи за лична карта, со тоа се здобиваат со легален престој во државата, здравствено осигурување и работен стаж.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина новинарот Тодор Пендаров

Редакција

На продажба административната зграда на скопски Бетон

Редакција

Еврокомесарот за проширување Вархеји: Бугарија и С.Македонија да изнајдат решени за разликите, ЕК ќе помогне колку што може

Редакција