еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонија може да се гордее: Клиниката „Жан Митрев“ една од најдобрите во светот

Откако е отворен, во март 2016 година, во новиот објект на Zan Mitrev Clinic, направени се 230.000 прегледи и 10.500 операции, а само во 2019 година се направени над 70.000 прегледи и 3.100 операции, што е најмногу досега во една година, информира академик доктор Жан Митрев, првиот човек на оваа клиничка болница која идната година одбележува две децении постоење.

„Најнапред би сакал да им го честитам Божиќ на сите оние, кои го слават овој голем празник. Воедно, како што ја привршуваме годината, која беше исполнета со многу напори и посветена работа,  би сакал да ги објавиме и нашите резултати.

Тука би нагласил дека 100% од прегледите се приватни пациенти и 52% од операциите беа приватни пациенти од странство и од регионот, што е највисок процент до сега.

Воедно, оваа година зачекоривме со нова техника на оперирање, т.н. вештачки срца, од кои  6 LVAD ( left ventricular assist device ), 2 BVAD ( biventricular assist device ), 1 TAH ( total artificial heart ). Сите пациенти се со 100% преживување, без компликации или смртност,“ информира доктор Жан Митрев.

Тој појаснува дека во клиниката биле третирани најкомплексни аномалии на новороденчиња, како Switch процедура, комплексни операции, унификација на мапки со пулмонална атрезија, повеќе реоперации, дури и трети реоперации кај деца, оперирани во други институции.

„Оперирани се 178 пациенти со вродени срцеви аномалии, од кои 75 беа помали деца и бебиња, 25 деца се третираа со интервентни процедури и 50 деца беа хируршки оперирани. Притоа сакам да нагласам дека со овој тип на операции почнавме во септември 2019 год и за 3 месеци извршивме 50 операции. Немаше неочекувана смртност и сите деца јас ги оперирав. Посебно сакам да истакнам, дека за квалитетот на една  болница најбитни параметри се следните:

– Интрахоспиталната смртност до 30 денови

– Постоперативните инфекции

За постоперативната  смртност постигнавме да сме пониско од американскиот Benchmark (репер) за операциите, кои ги работиме и уште повеќе во оваа година постигнавме инфекции на длабоки хируршки рани  од 0%. 

Со ова можам да истакнам, дека сме една од најдобрите болници во светот со што Македонија има со што да се гордее“, заклучува Митрев.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отказ за чистачот на ѓубре, тие ште не прават сите нас ѓубре секој ден уште се на работа

Редакција

(Видео+Фото) Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Редакција

Кој го предизвика инцидентот на фудбалскиот натпревар на кој беше приведен новинарот Фуркан Салиу

Редакција