еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се уште не се договорија за предлогот на опозицискиот лидер за технички министер за внатрешни работи.

Иако во јавноста се лицитира со името на полковникот Драган Ковачки, Мицкоски се уште не го потврдил овој предлог.

„Станува збор за нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава“, рече тој без да прецизира дали станува збор за полковник Ковачки.

Во јавноста се отвори дилема дали е соодветен кандидат имајќи предвид дека во Уставот пишува дека: „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

Ковачки е еден од воените лица за кои претседателот Стево Пендаровски поништи указ потпишан од поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, односно беше разрешен од позицијата командант на Првата механизирана бригада.

Тогаш опозицијата реагираше со образложение дека има завршено на Кралската воена академија во Лондон и посетувал голем број на елитни школи на НАТО во Германија, Шведска, Турција, Бугарија.

ШТО ПИШУВА ВО БЕГОВАТА БИОГРАФИЈА?

Еве што пишува во биографијата за Ковачки, која ја објави телевизијата „Алсат-М“:

Бил командант на 1. механизирана пешадиска бригада, началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада.

Бил раководител на Секторм – Служба за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.

Бил началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање.

Бил офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции.

Бил офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1 и командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“, Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Р. Хрватска.

Родител е на две деца, и е од Скопје.

Фото: МО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постои уставна пречка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи?

Дескоска смета дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи е противуставен

Ахмети го прифаќа предлогот на Мицкоски: Tехничкиoт министер за внатрешни работи бил професионалец и ново име во политиката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изјавите на Пендиков се чиста глупост, оцени Спасовски

Редакција

„Плодна средба“ во Софија меѓу Љубчо Георгиевски и Екатерина Захариева

Редакција

Заев ќе поднесе оставка следната недела, за успехот на Ковачевски како премиер предвидува дека ќе биде меѓувладината конференција

Редакција