еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Трамп: Ниту еден наш војник не загина во нападите од Иран, подготвени сме на се

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту еден американски војник не е повреден во иранскиот напад врз двете американски бази во Ирак. Тој на прес-конференција изјави дека во нападите има направени минимални штети.

„Немаме никакви последици. Сите наши војници се безбедни и е направена минимална штета на нашата воена база“, рече Трамп.

Жртвите според него се избегнати благодарени на системот за рано предупредување. Според него, американските сили се подготвени за се, но засега се чини дека Иран се повлекува.

„Изгледа дека Иран се повлекува, што е добро за сите страни и многу добра работа за светот“, нагласи Трамп.

Според него, додека е претседател, на Иран никогаш нема да му биде дозволено да поседува нуклеарно оружје. Тој ги повика Велика Британија, Кина, Германија, Франција и Русија да работат на нов договор со Иран. Исто така тој најави дека од НАТО ќе побара поактивно учество во актуелните процеси на Блискиот исток.

Тој рече дека откако ја презеде функцијата претседател, САД станале енергетски независни.

„Ние сме првиот производител на нафта и природен гас во светот. Ние сме независни и немаме потреба од нафта од Блискиот исток“, наведе Трамп.

МИА/Фото/Видео:Foreignpolici/Yotube/Foxnews

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Стравичен почеток на 2020 година: Иран за одмазда бомбардира американски бази, убиени 80 лица, тврдат иранските медиуми

Војна или бизнис: Убиството на иранскиот генерал ја вивна цената на нафтата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министрите од Полска, Германија и Франција не ја предомислија ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Тлото не се смирува: Регистрирани уште три земјотреси меѓу три и четири степени и 30-на послаби

Редакција

Сузана Николовска е назначена за нова в.д. директорка на Клиниката за кожни болести

Редакција