еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО засега нема да прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради новиот коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нема да прогласи меѓународна вонредна состојба во сферата на јавното здравје поради новиот коронавирус што се појави во Кина.

Експертите на СЗО посочија дека не гледаат причина за таков потег во оваа фаза, но сепак сметаат дека е неопходно денеска да продолжат дискусиите за прашањето во Женева.

Кинеските власти го известиле СЗО на 31 декември за појавата на досега непознатата пневмонија во централниот град Вухан, со население од 11 милиони луѓе. На 7 јануари кинеските експерти ја идентификуваа причината за заболувањето – коронавирус 2019-nCoV.

Возовите и авионите се запрени од вчера во Вухан за да се ограничат ризиците од меѓународно ширење на заразата.

Според ажурираните бројки, властите во Кина потврдија 17 смртни случаи на коронавирусот, а 554 други се заразени.

Пациентите со коронавирус се во Вухан, Пекинг, Шангај, Шенжен и во други градови. Инфицирани со коронавирусот има и во Јапонија, Филипините, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и САД.

МИА/Фото: Darley Shen/Reuters

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинескиот град Вухан во сообраќајна изолација заради коронавирусот

Светот пред ново искушение, новиот вирус корона се пренесува од човек на човек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Фатон Ахмети, директорот на Фондот за здравство, кој поднесе оставка

Редакција

Попусто нови вработувања и партиски ботови: Се бара судски епилог за криминалците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Редакција

Борисов да ги праша Радев, Костадинов и Џамбаски за руското влијание за Пендиков во Македонија

Редакција