Активистите за чиста животна средина „Здрава котлина“ ги повикуваа сите граѓани и активисти кои се во можност да учествуваат во организирана акција за пребарување на теренот.
„Акцијата започнува утре (сабота, 25 јануари 2020) од 8:00 пред општина Босилово каде заедно со МВР и други организации ќе се пребарува за Марија Брзакова.
Марија исчезна пред една недела и била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса.
Со оглед дека се работи за поголем простор за пребарување, неопходно е повеќе луѓе и секој активист на терен е важен. Затоа апелираме на масовно учество во акцијата и споделувајте ја информацијата“, се вели во апелот на фејсбук-профилот на Здрава котлина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И ловци се вклучуваат во потрагата по исчезната Марија Брзакова од Босилово
Петти ден ни трага ни глас од Марија Брзакова од Босилово, полицијата трага со кучиња