еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Граѓаните и фирмите „чуваат“ над милијарда евра во НЛБ Банка

Вкупните депозити на НЛБ Банка (депозити на комитенти и на банки) заклучно со крајот на минатата година изнесуваат 72,8 милијарди денари или околу 1,1 милијарда евра и во однос на 31.12.2018 година се зголемени за 6 милијарди денари или околу 98 милиони евра односно за 9%, соопшти банката преку Македонската берза.

Оттаму информираат дека во однос на планот за периодот вкупните депозити  се повисоки за 9,4%.

Од друга страна вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 54,6 милијарди денари или околу 889 милиони евра и бележат зголемување од 6,3% во однос на 31.12.2018.

„Во однос на планот вкупните кредити се пониски за 3,2%, и тоа поради понискaтa реaлизација во делот на кредити на правни и физички лица“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка лани оствари добивка од 30 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдено четврто тело на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово

Редакција

Како во Финска речиси го искоренија врсничкото насилство

Редакција

Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени, велат од Влада

Редакција