еМагазин прв го објавува анкетниот лист на новиот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Каков имот пријавил
Според анкетениот лист кој го доставил до Антикорупциска комисија, Чулев како заеднички имот пријавил два стана во Скопје, стекнати со договор за купопродажба, едниот од 50 метри квадратни, проценет на 3 милиони денари, а вториот од 63 метри квадратни, проценет на 4 милиони денари.
Како заеденички имот пријавил и возило Киа Сид, кирија од едниот стан, а како личен имот лозје во Кавадарци и приходи од продажба на грозје.
Пријавил и банкарски сметки на сопругата и децата и на свое име.
Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку е богат техничкиот премиер, а колку министерот Оливер Спасовски
ПОРТРЕТ: Наќе Чулев, од оперативен разузнавач до технички министер за внатрешни работи
Фото: МВР