еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Запознајте ги кучињата-трагачи на Царинската управа

Пет кучиња трагачи се дел од Царинската Управа уште од 2000 година и се од особена важност, бидејќи се користат за заштита на граничните премини при спречување на нелегално транспортирање на наркотици и истите имаат учествувано во повеќе акции од кои 90% се успешно реализирани.

Кучињата се донација за потребите на Царинската Управа од Република Азербејџан и Германија.

Овие кучиња од своите девет месеци се специјално тренирани да препознаваат специфични супстанци како што е дрогата. Со своето одлично чувство за мирис кое инаку кај кучињата е илјадници пати посилно од човечкото, многу брзо можат да ги лоцираат сокриените наркотици кои за цариникот би можеле да бидат невидливи.

Секое куче секојдневно е тренирано од страна на својот претпоставен водач со кој и живее и како дел од тренингот после секоја успешна потрага е соодветно наградено. Со самото наградување кучето се мотивира и учи како побрзо да ја открие забранетата стока која евентуално би се криумчарела на граничните премини.

Фото: Царинска управа/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема пречки Стевчо Јакимовски да ја продолжи трката за претседател на Македонија откако беше ставен на „црната листа“ на САД

Редакција

Нема никакви гаранции, ама ЕУ знаела дека Македонија и Бугарија ќе се договореле за исчекор

Редакција

Која е Урсула фон дер Лаин: Мајката на седум деца што го крши мразот во европската политика

Редакција