еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судењето за “Рекет“ денеска затворено за јавноста, Боки 13 се пожали дека го нападнале затворски службеници

Денешното рочиште за “Рекет“ е затворено за јавноста по барање на Судот.

На истото продолжува презентацијата на материјалните докази, а денеска во Судот ќе се слушат снимки од осудениот во “Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, кој доби затворска казна од три години.

Во снимките со послаб квалитет од тие на бизнисменот Орце Камчев и со шумови, тој разговара со сопругата на Камчев, Ана Камчева, и двајцата сведоци во „Рекет“ и првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: И Кичеец го снимал Боки 13

Рочиштето е затворено за јавноста, бидејќи како што посочуваат од Судот, ќе се пуштат разговори од приватен карактер.

Боки 13 денеска изјави дека пред доаѓање од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари до Судот го нападнале затворски службеници. Од затворот го демантираа.

Случајот „Рекет”, го води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, а обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки се налути за снимките на Кичеец, ќе ја отвори ли Пандорината кутија?

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Публикација на ССНМ: Новинарите се во лоша социо-економска положба, потребно е подобрување на работничките права

Редакција

(Фото) Прв лет од Москва: Руската „Нордвинд“ отвори нова редовна авиолинија Москва–Скопје

Редакција

(ВИДЕО) Василичарски оган и „печење“ колбаси во водите на Охридското Езеро

Редакција