еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сомнителните повици на мобилен потекнувале од Литванија, Естонија и „Глобал Стар“

Пропуштените повици од непознати странски броеви регистрирани изутрината кај домашни корисници на мобилна телефонија најчесто потекнувале од Литванија, Естонија и сателитскиот операторот „Глобал Стар“, информира Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) по денешниот итен состанок со мобилните оператори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Граѓаните вознемирени од непознати броеви од странство, Ременски се сомнева на разузнавачка операција

Од АЕК истакнуваат дека операторите ги презеле сите безбедносни мерки и до девет часот изутрината најголем дел од броевите преку кои се остварувала измамата се блокирани, но оти тоа не значи дека нема да се повтори такво нешто од други броеви.

Затоа, апелираат до сите претплатници во иднина да не повикуваат кон непознати пропуштени броеви од странски држави, бидејќи ќе им бидат наплатени високи цени на меѓународни повици.

– Станува збор за измами при која претплатникот добива краток повик кој прекинува пред да има можност претплатникот да одговори. Ако претплатникот го повика овој број најчесто добива одговор од гласовна машина и тој се наплаќа по меѓународна тарифа.

Ваквата измама во поинтензивна мерка е регистрирана од 06:30 часот утрово при што голем број претплатници беа вознемирени со кратки повици од непознати броеви од странство.

Најчесто повиците потекнуваа од Литванија, Естонија и сателитскиот операторот Глобал Стар.

Операторите ги преземаа сите мерки за заштита на своите претплатници при што до 09:00 часот утрово блокирани беа најголем дел од броевите преку кои се остваруваше ваквата измама, но истото не значи дека ваква измама нема да се повтори од други броеви, велат од АЕК.

За надминување на ваквата состојба Агенцијата апелира до сите претплатници во иднина да не повикуваат кон непознати пропуштени броеви од странски држави, бидејќи за тоа ќе им бидат наплатени високи цени на меѓународни повици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски Телеком ги блокираше непознатите броеви од кои граѓаните масовно добиваа повици

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љупчо Димовски избран за нов претседател на Социјалистичката партија на Македонија

Редакција

Вакцинирани повеќе од 2.000 македонски државјани во Белград, денеска и утре се вакцинираат и 1.700 во Ниш

Редакција

Павле Трајанов не гласаше за заклучоците за „францускиот предлог“

Редакција