еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Три лица починаа, а седум се повредени по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце

Три лица починаа, а седум се повредени по експлозија на плинска боца во семејна куќа во кумановско Романовце.

Експлозијата настанала во 10 часот во куќата на Ш.А во село Романовце. Од експлозијата на плинската боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите тие се префрлени во Ургентен центар Скопје.

Известен е јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово кои се на терен и ќе ги утврдуваат причините за несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца од повредените во трагедијата во Романовце во тешка состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Терапевтското куче Дино ќе ги смирува патниците на аеродромот Скопје

Редакција

Цементарница Усје: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

Редакција

Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје: Не ги почитувале мерките за Ковид-19

Редакција