еМагазин
Image default
Македонија

Советот за етика повикува на внимателно и одговорно известување околу корона вирусот

Во врска со појавата на случај на корона вирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста.

„Информирањето во вакви случаи, според Кодексот на новинарите (член 8), мора да биде ослободено од сензационализми. Медиумите треба да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти и да ја применат и својата улога како смирувачи на вознемиреноста кај граѓаните.

Освен тоа, тие треба внимателно да им пристапуваат на информациите со коишто се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата,“ се вели во соопштението на СЕММ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сабота во Струмица карневал, група со деца од Белград поради корона вирусот го откажа учеството

Колку сте повозрасен, толку повеќе корона вирусот е поопасен за Вас

Во 40 земји потврдени над 81.000 случаи на заразени со новиот коронавирус

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново бегство од затворот во Шутка

Редакција

Мицотакис од Солун: Не поддржуваме договор што отстапува македонски јазик и македонска националност

Редакција

Заев ќе ја гарантира безбедноста на пратениците од опозицијата кои гласаа „за“

Редакција