еМагазин
Image default
Македонија

СЗО Европа: Македонија ги спроведува препораките, нема потреба од паника

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге на денешноит Втор национален форум за здравје истакна дека здравствените власти и Владата во државата ги спроведуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО).

„Дури и пред да се јави вчерашниот прв случај со корона беше формиран мултисекторски комитет за итни ситуации под директно раководство на премиерот. Заедно со помош на СЗО беше направена проценка на капацитетите, не само на човечките ресурси, туку и на инфраструктура. Секој ден се комуницира со граѓаните и тоа двапати дневно, постојат установи кои се на располагање и се подготвено за евентуален прием на пациенти. Исто така во делот на превентивата вклучени се и 10-те регионални центри за јавно здравје“, истакна Клуге.

Тој порача дека нема потреба за тревога и за паника. Се работи за нов вирус и да не се заборави дека во различни делови на европскиот дел на СЗО секоја година од сезонски грип умираат меѓу 60 илјади и 65 илјади лица.

Граѓаните ги советува да ги почитуваат мерките за заштита од заразни болести.

Инаку, на светско ниво има 81.104 случаи со коронавирус, во 46 држави, од кои 20 земји се во рамки на Европскиот регион  на СЗО во кој вкупно има 53 земји. Во последните 24 часа има уште седум дополнителни земји каде што се јавија нови случаи, од кои 97 проценти од сите случаи се во Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројката на изолирани како претпазливост од корона вирус од осум се зголеми на 12, помеѓу нив и две деца

Уште двајца заболени од коронавирус во Грција, се откажува карневалот во Патра

Лицето кое дополнително беше тестирано, нема корона вирус

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако нема договор со Бугарија, ќе мора да размислуваме за раздвојување на Македонија и Албанија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција

Приведен Емил Јакимовски кој им се закануваше на новинарките Јорданова и Коровешовска

Редакција

Казната за возачот на „бентлито„ е првична, ќе поднесеме и кривична, најави Шилегов

Редакција