еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Макпетрол АД продолжува да инвестира во сопствените капацитети, комплетно реновирана бензинската станица во Битола

Следејќи ги светските стандарди во трговијата со нафтени деривати, како и потребите на своите потрошувачи, Макпетрол АД постојано се труди да имплементира новини во своето работење.

Во согласност со тоа, инвестицискиот циклус на Макпетрол АД продолжува и оваа година со завршување на реновирањето на бензинската станица во Битола. Со тоа, бензинската станица доби карактеристики на модерна и функционална единица која ќе ги задоволи сите потреби на потрошувачите.

Целосната инвестиција во оваа бензиска станица изнесува околу 18.000.000 денари и истата овозможи целосно модернизирање на станицата.

На бензиската станица достапни се сите деривати и течен нафтен гас, како и дополнителните услуги што ќе можат да се добијат во современата продавница. При тоа, бензинската станица ги исполнува сите безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди.

Компанијата постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Макпетрол АД продолжува со изградба на нови, како и осовременување и модернизирање на постојните бензински станици и складови низ републиката, со цел што поуспешно и поефикасно сервисирање на потребите на потрошувачите.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Монасите и монахињите од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир ќе го искачуваат Голем Крчин и на врвот ќе има литургија

Редакција

Промотивен орочен депозит со камата однапред – Штедење во Стопанска банка АД – Скопје

Редакција

(Фото) Училиште во Турција ќе го носи името „Македонија“, а училниците ќе бидат именувани по македонски градови

Редакција