еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Десетгодишно девојче се удави во река во селото Бањица

Десетгодишно девојче, кое вчера околу 9 часот исчезна од село Бањица, Општина Чашка, утрово е пронајдено мртво во матните води на реката Мала Речица под селото Бањица.

Станува збор за десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица која вчера исчезна, а што било пријавено и во СВР Велес, потврди за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.

Исчезнатото девојче вчера цел ден напорно го барале во водите на надојдената река шестмина припадници на тимот за поплави при Дирекцијата за заштита и спасување од Велес предводени од спасителот Ангел Пановски, информира тој за МИА.

Тој додава дека на копно го барале припадници на СВР Велес и екипа од Територијалната противпожарна единица Велес.

Инаку утрово девојчето го нашле селаните од селото Бањица.

За пронаоѓањето на телото на девојчето во водите на реката Мала Речица, а по вчерашното целодневно напорно пребарување, потврди градоначалникот и Горан Стојановски.

Тој тажната вест утрово ја објави на својот ФБ профил.

-Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето „Тодор Јанев“ во населба Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството, напиша градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, на „Фејсбук“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судбината на предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ и „Талир“ во рацете на Судскиот совет

Редакција

Трет случај на конго кримска хеморагична треска, заболен е 42-годишен маж од Велес

Редакција

Нови 134 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 97

Редакција