еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кафулињата и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот, побара Филипче

Кафулињата и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и внатре капацитетот да биде преполовен, што значи да се задржи дистанцата од метар ипол до два меѓу луѓето кои престојуваат таму, побара министерот за здравство, Венко Филипче како дел од зајакнатите мерки, кои денеска ќе бидат предложени на Влада.

„Да се откажат сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Во разговор со сите јавно здравствени установи се откажуваат сите хронични пациенти чија интервенција претходно закажана може да се одложи, ќе има само итни неодложни хирушки интервенции.

Една дополнителна мерка се однесува на продолжување на терапијата на хроничните пациенти кои досега требаше да одат на лекар специјалист, од следните денови ќе можат да се обратат кај матичниот лекар. Ова нема да важи за новодијагностицираните пациенти,“ препорача Филипче.

Тој рече дека разговарале со колеги од Италија кои укажаа на тоа дека во одредени делови на земјата, пред се во северните делови каде епидемијата започна дури по воведувањето на најригорозните мерки нема регистрирани нови случаи.

„Тоа се однесува на градот каде почна епидемијата, затоа многу ригорозни мерки сега тие воведуваат и во другите делови на Италија, во јужните делови каде нема голем број пациенти, што укажува дека треба да бидеме порадикални,“ истакна Филипче.

Појасни дека дополнителните мерки на Комисијата за заразни болести ќе бидат разгледани од Владата на седница, а тие вклучуваат забрана на сите јавни и приватни собири без оглед на обемот и бројот на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани…

Нагласи дека претседателот на Владата, Оливер Спасовски разговарал со верските заедници во државава за строго придржување кон мерките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

(Фото) Информирајте се правилно: Митови и вистини за корона вирусот

И црквата повика да се почитуваат мерките за превенција од корона вирусот

Едно лице се тестира на корона вирус, тројца од заболените имаат отежнато дишење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави Груевски: Јанакиески е уценет, приклештен и принуден да дава лажни изјави против мене

Редакција

Ковачевски ќе има помалку советници од Заев

Редакција

Дали криптовалутите се депозити и зошто вложувањето во нив се смета за високоризично?

Редакција