Министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил објави што значи вонредната состојба која ја прогласи претседателот Стево Пендаровски.
Статусот го пренесуваме во целост:
“Вонредна состојба значи дека Владата добива и Законодавна и Извршна власт. Со тоа, се олеснува работата на Владата во време на кризи и истата може да носи одлуки за добро на граѓаните многу побрзо и поефикасно.
Како Владата го прави тоа?
Преку носење на Уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.
Дали ќе има полициски час или ограничување на движењето?
Во овој момент нема таква одлука, следете ги сите понатамошни одлуки на Владата и ќе бидете информирани за евентуални ограничувања на движење.
Дали треба да направам резерви на храна?
Не, во државата има доволно резерви и на храна. Останете во своите домови, не излегувајте доколку немате потреба и купувајте онолку колку што ви треба.
Придржувајте се до мерките и препораките, само тако побрзо и полесно ќе ја надминеме оваа состојба“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Скопјани масовно се одзваа: Видеа и фотографии од седење дома се наградуваат со 100 евра
Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба, ќе трае 30 дена
Фото: МЗ