Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус, кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје, соопшти на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.
Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови ќе информираме во текот на утрешниот ден“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?
Корона вирусот покажа колку сме себични
Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира