еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како банките ќе можат да им олеснат на граѓаните во кризата со корона вирусот?

Во интервју за МТВ, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска појасни што сѐ се овозможува со регулаторните измени коишто Советот на Народната банка ги донесе во петокот и одговори на низа прашања поставени во изминатите денови.

За да биде појасно за граѓаните, пораките ги пишуваме како поенти:

Банките и штедилниците ќе можат на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од корона кризата:

– одложување односно грејс-период за отплата на кредитите

– пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период

– пониска каматна стапка или

– одобрување на нов поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот, итн..

Ова важи за сите кредитни услуги:

-потрошувачки, станбени, автомобилски кредити, итн.

-кредитни картички

-дозволено пречекорување (одобрен минус)

-кредити на фирмите.

“Се овозможува навремена поповолна промена на кредитните услови за кредитите да не станат нефункционални. До крајот на септември секое доцнење до 150 дена нема да се смета за нефункционален кредит.

Банките и штедилниците учествуваа во процесот и ги поддржаа регулаторните измени. Тие ќе се придржуваат до јасно утврдените критериуми во Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик донесена од Советот на Народната банка.

Банките и штедилниците истакнаа дека се подготвени да одговорат на барањата на засегнатите кредитокорисници. Тие се мотивирани на засегнатите кредитокорисници да им ги понудат поволните можности за промена на постојните договорни услови.

И во нивен интерес е да помогнат фирмите да го пребродат овој шок и да можат да опстанат на долг рок и да имаат капацитет за да можат понатаму да ги сервисираат обврските.

Регулаторните измени со коишто се олеснува финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници, за банките и штедилниците важат до крајот на септември, но ако биде потребно, нивната важност може да биде продолжена.

Народната банка нема законска надлежност да пропише мораториум на наплатата на кредитите. Но, суштински, во споредба со мерка само со мораториум, донесените регулаторни измени нудат поширок сет на поволности за граѓаните и фирмите (одложување, промена на каматна стапка и сл.).

Добрата и ефективна имплементација на можностите од донесените регулаторни измени може да даде значајни резултати за олеснување на финансискиот товар на засегнатите граѓани и фирми.

Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација работат на уредба со која ќе се утврди поедноставен начин за комуникација и уредување на договорните односи меѓу засегнатите кредитокорисници и банките и штедилниците. Се изнаоѓа најефикасен начин и тој ќе биде соопштен на граѓаните“, потенцираше таа.

Гувернерката потсети дека заштедите се сигурни и денарот останува стабилен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седете дома за да им олесниме: 23.000 здравствени работници се грижат за два милиони народ

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

Состојбата со корона вирусот од аспект на психолог: После фазата на гнев, ќе следи депресија па апатија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жената од Кратово која го уби сопругот и свекорот пријавувала семејно насилство, ама ја пријавувале и неа

Редакција

Раст на прометот, пад на трансакциите на Македонската берза во октомври

Редакција

Самит на Отворен Балкан: Заемно признавање дипломи, соработка во културата, туризмот и даночните управи

Редакција