еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Автобуси преполни се луѓе: Јавниот превоз закана за ширење на корона вирусот?

Граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од преполни автобуси на ЈСП-Скопје со луѓе, од кои дел се со заштитени со маски, но дел не.

Не секој носи и ракаваци, како што пред неколку дена посочија од Град Скопје.

ЈСП веќе објави дека автобусите подлежат на редовна дезинфекција, како и дека ќе го редуцира возниот ред.

„Ве информираме дека јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници, продолжуваат да сообраќаат по саботен возен ред. Исклучок, се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Одлуката е согласно препораките и мерките на Влада на РСМ во превенција од ширење на коронавирусот. Овој возен ред ќе важи во наредниот период, се до новите препораки“, соопшти ЈСП во саботата.

Разбирливо е дека голем број од граѓаните мораат да одат на работа, но прашање е колку редуцираниот возен ред помага во намалување на контактите меѓу луѓето ако се земат предвид турканиците во дел од автобусите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втор починат пациент од корона вирусот: Почина маж од Дебар на 63 годишна возраст

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

Детална листа: Како изгледа бројот на заразени со коронавирусот во Македонија по градови

Вкупно 70 заразени од корона вирусот: Жената од Дебар е во критична состојба

Фото:Фејсбук/Бобан Апостолски/Против загадување на воздухот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка и бебе од Кочани заболени од корона вирусот се лекуваат на Инфективна клиника

Редакција

Во земјотресите во Турција се уништени или многу оштетени повеќе од 214.000 згради

Редакција

„Дека“ е Мира Дизел?

Редакција