еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмладиот пациент заболен од коронавирусот во Македонија е двегодишно дете од Скопје

Најмладиот пациент заболен од коронавирусот во земјава е двогодишно дете од Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека позитивни на коронавирусот се и неговите родители, но оти сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека ова семејство било заболено како резултат на локална трансмисија.

Министерот за здравство информира дека во добра здравствена состојба се и тројцата пациенти во Охрид и оти и тие имаат лесна клиничка слика.

– Во изолација се ставени 10 лица кај кои се уште не е поминато времето за инкубација и кај кои ќе се направи тестирање кога тој период ќе помине, рече Филипче.

Министерот прашан за тоа со кои други приватни установи ќе биде склучен договор со ФЗОМ за тестирање, рече дека денеска раководителката на лабараторијата при Институтот за јавно здравје воспоставила контакт со сите лабаратории кои имаат контакт да прават тестирање и имаат соодветна опрема и механизам за изработка.

– Откако ќе се утврди дека со соодветна начин на технологија се изработуваат тестовите односно дека се резултатите валидни, со цел да се зголеми капацитетот за теститирање ќе се склучат договори со сите со кои ќе се утврди дека е согласно сите протоколи на работа, рече на прес-конференцијата Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре во Куманово забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз

Затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид, персоналот бил во контакт со заразен пациент

(ВИДЕО) Лизгалиште во Мадрид претворено во мртовечница

(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре без маски на отворено, свадби до 100 гости, но полицискиот час продолжува до 15 јуни

Редакција

Анкета на МЦМС: Мнозинството од граѓаните нема доверба во Владата, 78% сметаат дека земјата е во политичка криза

Редакција

Во штипските градинки се стабилизира состојбата со коронавирусот

Редакција