Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека во следните денови, односно почетокот на следна недела, ќе започне пошироко тестирање по мобилен пат, а Куманово ќе биде еден од првите градови каде што ќе се изврши такво тестирање, но и други места.
Имајќи предвид дека во Скопје има најголем број на заболени од корона вирусот, Филипче смета дека нема потреба од дополнителни мерки, туку смета дека вонредната состојба и мерките кои до сега се воведоа се доволен механизам за ограничување на движењето за да се спречи ширењето.
Следните денови ќе бидат тестирани лицата кои се затекнати во областа на Дебар, бидејќи им истече 14-дневниот карантин и во зависност од резултатите ќе бидат пуштени дома во другите градови.
Филипче информираше дека следната недела ќе се добијат 500.000 маски, како и 20.000 тестови реагенси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пациентот од Тетово заболен од корона вирус се лекувал во Заводот за рехабилитација во Козле